Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу објасни зошто Ѓоковиќ беше декласиран во финалето со Надал

Објавено

на

blank

Новак Ѓоковиќ според добар дел од јавноста и тениските експерти беше главен фаворит за титулата на Ролан Гарос и на светскиот рекет број еден му се даваше предност во пресрет на финалниот дуел со Рафаел Надал, нешто што се покажа како комплетно погрешна проценка на завршниот меч кој се одигра изминатата недела.

Рафа уште еднаш го оправда и потврди епитетот „крал на земјата“ и го декласираше својот голем ривал со 6:0, 6:2 и 7:5, прокнижувајќи ја својата неверојатна 13-та титула на Ролан Гарос, со што стигна до 20-от грен слем трофеј, израмнувајќи се на вечната листа со Рожер Федерер.

Одиграното финале на Филип Шатрие беше навистина необично бидејќи никој не очекуваше толку едносмерен меч во пресметката на големите ривали, а искусниот Патрик Муратоглу вели дека главен виновник за тоа е Ноле.

– Надал ја играше својата играч, го покажа она на што сме навикнати од него. Без оглед дали победува или губи, тој секогаш се бори. Добро го почнува мечот, ако има потреба, го подигнува нивото. Овојпат тоа не го видовме кај Новак. Од почетокот се виде дека нешто не е во ред, не беше подготвен за финалето. Кој очекуваше дека во финале меѓу Рафа и Новак ќе види почетен резултат 6:0 и 6:2, – вели тренерот на Серена Вилијамс кој е и тениски аналитичар.

– Го имаме гледано Ноле во бројни грен слем финалиња, во ова не личеше на себе. Се сеќавам на финалето на Австралија Опен од минатата година, тогаш излезе на теренот со цел да го уништи противникот. Сега не беше така, ова не беше оној Ѓоковиќ кој го знаеме, ментално не беше на своето ниво, – заклучува Муратоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни