Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу: Надал е крал на земјата, ама Ѓоковиќ доминира на останатите грен слемови

Објавено

на

blank

Новак Ѓоковиќ на доминантен начин дојде до 18. грен слем титула во кариерата и тоа откако во финалето на Австралија Опен му одржа лекција на Данил Медведев ( 7:5, 6:2, 6:2) кој во овој меч влезе со серија од 20 победа.

Овој триумф на Ѓоковиќ одново донесе на површина интересни прашања, теми, дилеми од кои најзанимлива е онаа дали ќе може да ги мине Рафаел Надал и Рожер Федерер и биде рекордер по титулите на најзначајните турнири.

Има различни мислење, меѓутоа времето ќе покаже кој е во право и што ќе се случи, а во меѓувреме еден од најпочитуваните тренери, Патрик Муратоглу направи една кратка анализа по случувањата во Мелбурн.

-Победата на Новак на Австралија Опен потврдува дека новата генерација сè уште ја нема преземена власта од големата тројка како што многумина коментираа во декември и јануари. Рафа и понатаму е крал на земјата, а Новак доминира грен слемовите на останатите подлоги. Се надеваме дека Федерер наскоро ќе го видиме, -истакна Муратоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни