Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу: На Ѓоковиќ му е потребна само една работа

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ имаше сезона далеку под своите стандарди без ниту една освоена АТП титула, но со остварување на големиот сон, олимпиското злато кое го освои на игрите во Париз.

Србинот неодма се одлучи да повлече интересен потег и за тренер го донесе довчерашниот ривал од терените Енди Мари кој се пензионираше токму во оваа календарска година. Двајцата имаат многу битки на терените, исцрпувачки мечеви, добро се познаваат, а сега и ќе соработуваат заедно, нешто што за многумина е чудно и се прашуваат дали ќе можат двајцата да функционираат затоа што се  работи за слични карактери, емотивци,

Патрик Муратоглу е долго време во тенисот, има соработувано со многу тенисери и тенисерки и според него соработката меѓу Новак и Мари е формална, поточно Србинот е оној кој може да ја сврти ситуацијата.

-Луѓето од тенискиот свет често ме прашуваат дали мислам дека идејата за ангажирање на Мари беше добра или не. Она што се прашувам е следново – што му треба најмногу на Новак? За мене тоа е мотивација. Бидејќи му беше јасно дека се е готово што се однесува до Надал и тоа на почетокот на 2024 година, не успеа да најде нова мотивација. Новак не го загуби нивото за два месеци, тоа е невозможно. Мотивацијата му пропаѓаше бидејќи сфати дека ја доби битката со Рожер и Рафа.

-На крајот единствен турнир за него беше Олимпискиот, каде имаше мотив да го освои златото. Треба да има мотив, тој емотивен тригер што го тера да освои се, бидејќи така работеше од почетокот на кариерата, -заклучи Муратоглу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни