Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу: Ѓоковиќ стави крај на „GOAT“ дебатата

Објавено

на

foto:twitter.com/DavisCup

Новак Ѓоковиќ зад себе остави уште една одлична сезона, во која и покрај возраста освои многу престижни трофеи и остана на врвот на АТП ранкингот, а познатиот тренер Патрик Муратоглу вели дека со тоа ставил крај на „GOAT“ дебатата.

Муратоглу кој во минатото работеше со многу трофејни тенисери и Серена Вилијамс гостувал во подкаст, во кој го изнел својот став околу квалитетите на српскиот тенисер.

– Оваа 2023 година беше една од најдобрите во неговата кариера, најмалку иста како 2015 година. Навистина е лудо и да се помисли такво нешто бидејќи се работи за разлика од десет години, неверојатно е она што го прави на 36 години.

– Легендарната дебата околу тоа кој е „GOAT“ е мртва по оваа година, освои уште три грен-слема и играше уште едно финале. Речиси сите рекорди се негови, грен-слем титули, Мастерс титули, број на недели на врвот на АТП ранкингот, а уште игра и е на врвот.

– Нормално е секогаш да се споменува кариерата на Рожер Федерер, но има една важна разлика, тој не беше во состојба да доминира вака на 36-37 години и да биде постојан во текот на целата сезона, – рекол Муратоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни