Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу: Ѓоковиќ беше како грогиран боксер, но потоа…

Објавено

на

Ценетиот тениски стратег, Патрик Муратоглу направи кратка анализа на овогодишеното финале на Вимблдон во кое силите ги одмерија Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос, а победата ја однесе подобриот, поквалитетниот со 3-1 во сетови.

Новак го загуби првиот сет, но потоа се разбуди, покажа што знае и умее, беше максимално фокусиран за разлика од противникот кого повеќе го интересираа некои други работи, односно дојде дој седмиот триумф во Лондон и 21. грен слем трофеј во кариерата.

-Во тој меч не се работеше само за сервисот и ритернот. Тенискиот меч е далеку покомплициран од тоа. Во првиот сет, Новак се мачеше да ги врати сервисите на Киргиос. Одеднаш влезе во мечот и почна подобро да чита сервиси. Подобро ја антиципираше страната и направи неколку брејкови. Способноста на Новак да врати сервиси беше многу важна, па клучот на мечот стана размена, а на почетокот на мечот не беше така. Да останеше така Ник ќе победеше. Но знаеме дека Новак е најдобриот играч на сите времиња кога се работи за ритерн.

-Во првиот сет Новак беше како грогиран боксер. Гледаше каде сервира неговиот ривал, како се движи, каде игра. Кога го загуби сетот, беше подготвен за она што следуваше. На еден натпревар имавме два меча. Неговото искуство сигурно одигра голема улога, бидејќи не го фати паника. Беше во стил, во ред, сега имам јасна слика како играш и што ќе правиш и сега сум подготвен. Така се случи, -вели Муратоглу кој проговори за трката, признанието „GOAT“ (најдобар на сите времиња).

-Трката за титulata GOAT се уште трае, ми се чини дека е повозбудлива од кога било досега. Прво тој број на грен слемови. Новак го освои Вимблдон кој е негов 21. трофеј, има еден повеќе од Рожер и еден помалку од Рафа. Ама кога ќе ги разложиме, Новак има девет победи во Австралија, Рафа доминираше со 14 трофеи на Ролан Гарос, а Федерер сè уште води на Вимблдон со осум, додека има и пет во Њујорк.

-За членовите на големата тројка како што одминува времето ќе им биде се потешко да освојуваат слемови, а имаме се повеќе млади кои им се закана за нив. Алкарас и Синер наскоро ќе ги освојат најголемите титули. Медведев веќе има еден Ју-Ес Опен и има уште неколку играчи кои се блиски како Кирјос, Беретини и Циципас, -заклуши некогашниот тренер на Серена Вилијамс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни