Поврзете се со нас

Македонија

Мурати и Нафиу потпишаа нови договори со Шкендија

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија ги обнови договорите со двајца значајни играчи Мевљан Мурати и Валмир Нафиу.

Играчите и клубот седнаа на маса и се договори за обновување на соработката, па така дефанзивецот Мурати ќе остане во Тетово најмалку до 2023 година, додека пак офанзивецот Нафиу потпиша до 2021 година со опција истиот да може да биде продолжен за уште една сезона.

Пред неколку денови „црвено-црните“ да потсетиме го вратија македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи.

Бејтулаи се врати во старата средина: Шкендија е мојот дом, среќен сум што повторно ќе го носам црвено-црниот дрес

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни