Поврзете се со нас

Конференциска лига

Мура го шокираше Тотенхем, премиерлигашот на чекор од елиминација во Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Мура го направија најпријатното изненадување на средбите од Конференциската лига кои се одиграа во терминот од 18:45 часот.

Словенечкиот прволигаш го шокираше премиерлигашот Тотенхем (2-1) и го стави во тешка позиција во последната рунда, позиција која може да значи крај на настапот во европските купови во оваа сезона. Мароса во 94 минута даде гол за голема радост на домаќините, но и за шок на четата на Антонио Конте која играше со играч помалку на овој дуел од 32 минута.

Инаку Хорват го отвори резултатот во 11 минута, Сесењон во 32 „поцрвене“ за да во 72 израмни Кејн, но на крајот Мура го имаше последниот збор и дојде до три бода.

Со оглед на тоа што Витесе се избори за бод против Рен (3-3), ова значи дека ако холанѓаните во последното коло слават над Мура тие обезбедуваат пласман во 1/16 финалето без разлика на тоа што „петлите“ ќе направат на домашен терен против Рен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни