Шпанија
Мунуера Монтеро и Белингам со различни верзии за црвениот картон, Џуд може да заработи жестока казна

Реал Мадрид не успеа да слави на гостувањето кај Осасуна на „Ел Садар“, но ремито од 1-1 може да биде најмал проблем за актуелниот првак затоа што на подолго време може да остане без Џуд Белингам.
Англискиот репрезентативец заработи директен црвен картон во 39 минута, а судијата Хосе Луис Мунуера Монтеро во своето објаснување за казната посочил дека ја доделил затоа што играчот го навредил и му порачал “Fuck you”.
Со ова не се согласуваат во таборот на Реал и порачаа дека се работело за недоразбирање, односно комуникациска грешка.
-Ако го пoгледнете видеото, можете да видите дека не е исто како што пишува во извештајот, се надевам дека Федерацијата ќе го земе тоа во предвид. Никого не сум навредил, тоа јасно се гледа на видеото, не му кажувам ни директно на судијата, си го кажувам себеси. „Тоа беше недоразбирање, јасна грешка на судијата.
-Никогаш не сум го навредил судијата, мило ми е што гледам дека има видеа кои ја покажуваат реалноста и покрај судискиот извештај. Овде сум да им се извинам на моите соиграчи затоа што денеска ги доведов во тешка ситуација, -истакна Белингам.
Ако се утврди вина кај Џуд тогаш тој според правилата може да заработи голема казна, суспензија од четири до дванаесет натпревари.
-
Свет22 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија23 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан10 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија23 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Англија20 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер