Свет
Мунтари посочи зошто Ибрахимовиќ никогаш не ја освои „Златната топка“: Не сакаа да му доделат…

Златан Ибрахимовиќ имаше топ кариера, кариера во која освои многу клупски титули играјќи за великани на светскиот и европскиот фудбал како Ајакс, Милан, Јувентус, Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед и Пари Се Жермен.
Ибрахимовиќ важеше за еден од најдобрите и најопасни напаѓачи во своето време, вистински мајстор, но тој никогаш не ја освои Лигата на шампионите, а и најпрестижната индивидуална награда „Златната топка“.
Сули Мунтари добро го познава Ибра со оглед на тоа што соработуваше на клупски план и според него Швеѓанецот со балканско потекло не ја добил Златната топка затоа што секогаш го кажува својот став и мислење.
-Како соиграч, Ибрахимовиќ воопшто не беше застрашувачки. Тој само го сака најдоброто од вас. Лесно ги добиваше натпреварите за кој тим и да играв. Успеав да играм со него за време на неговите рани години во Интер за време на неговата прва сезона, а потоа се сретнавме во Милан. Ибрахимовиќ е класа играч, еден од најдобрите во своето време. Тие не сакаа да му ја дадат Златната топка затоа што го кажува своето мислење. Понекогаш не сакаат да го слушаат тоа, но Ибрахимовиќ е голем. Моите најдобри напаѓачи на сите времиња се [Самуел] Ето, Ибрахимовиќ и [Тјери] Анри, -вели Мунари кој очекува Ибра за биде успешен во новата улога во Милан.
-Ибрахимовиќ е победник многу долго време и сега кога се грижи за Милан не на теренот, туку во советничка улога, мислам дека со текот на времето ќе биде еден од најдобрите фудбалски администратори во светот, -потенцираше Ганецот.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот