Поврзете се со нас

Свет

Мунтари: Ибра остана без „Златната топка“ само поради една причина

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Сули Мунтари најубавите фудбалски денови ги доживеа во Италија како елитен член од Серија А, или поточно како важна алка во првиот тим на двата великани од Милано.

Играчот за врска од Гана играше и за Интер и за Милан во својата фантастична кариера, но од сите соиграчи кои ги имаше во двата тима, посебно се издвојува еден со кој ја делеше соблекувалната на двете страни.

Мунтари играше со Златан Ибрахимовиќ во Интер и во Милан, а како човек кој доста добро го познава Швеѓанецот, смета дека понекогаш голема штета му направил и неговиот „долг јазик“.

– Долго го имав Ибра за мој соиграч и никогаш не бев заплашен од него. Тој го сакаше само најдоброто за сите во тимот, без разлика дали станува збор за официјален меч, или меч на тренинзите.

– Играв со него и во Интер и во Милан, тој беше врвен играч, еден од најдобрите во неговата ера. Тој не ја доби „Златната топка“ само поради една причина, односно поради тоа што премногу зборуваше, многу повеќе од што треба, – смета Мунтари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни