Поврзете се со нас

Шпанија

„Мундо Депортиво“ објави кој ќе го наследи Куман на клупата на Барселона

Објавено

на

Весникот кој важи за близок до Барселона во своето денешно издание го посочи името на тренерот кој веројатно ќе го замени Роналд Куман на клупата.

Барселона има лош старт на сезоната во Примера, а лошо започнаа и во Лигата на шампионите каде беа декласирани од Баерн Минхен со 3:0.

Ваквата резултатска криза, како што стојат работите ќе ја „плати“ Роналд Куман кој веројатно ќе заработи отказ од позицијата прв тренерна клубот.

Желбата на Жоан Лапорта бил Роберто Мартинез, но тој не може да го предводи тимот затоа што е под договор со репрезентацијата на Белгија.

„Мундо Депортиво“ сега јавува дека најреална опција во овој момент е легендата на Барселона, Чави Ернандез кој веќе неколку сезони со успех го води катарскиот Ал Сад.

41 годишниот стратег и претходно се поврзуваше со клупата на Барселона, но тогаш не го наследи Ернесто Валверде самиот решавајќи дека не е време да седне на вжештеното столче на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни