Поврзете се со нас

Македонија

Мулти Есенс со голем пресврт до важен триумф против Голден Арт

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/rkmultiessence

Ракометарите на Голден Арт и Мулти Есенс одиграа интересен натпревар на стартот на Плеј аут фазата во машката ракометна Супер лига, а гостите денеска славеа со 23:24.

Голден Арт на полувреме водеше со 16:11, стигнувајќи до овој резултат со подобрата игра во првите триесет минути, но Мулти Есенс имаше соодветен одговор.

Гостите ја подобрија играта во одбрана и на крајот направија целосен пресврт со само седум примени погодоци во триесет минути од второто полувреме.

Димевски со 10 и Иваноски со 6 погодоци беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека Милошески со 7 гола се издвои кај реализаторите во редовите на Голден Арт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни