Поврзете се со нас

Репрезентација

Мукаетов си посака една убава желба пред СП во Хрватска, на потег се избраниците на Лазаров

Објавено

на

Ракометната Федерација на Македонија ја продолжи соработката со својот верен партнер „Телеком“ и го потврди тоа на денешната прес-конференција, на која со свои импресии се јавија и првиот човек на македонскиот ракомет, како и селекторот на националниот тим.

Живко Мукаетов со години наназад направи ракометот да биде и повеќе од одржлив спорт во Македонија, па сега пред новото Светско првенство во Хрватска си посака и една голема желба како долгогодишен лидер на Федерацијата.

– Навистина ми е мило што уште една година започнуваме со подготовки за настап на големо првенство, во случајот Светското првенство кое набрзо е на програмата.

– Голема благодарност до Телеком кој останува партнер на македонската Федерација и најсилната репрезентација, а во периодот кој следи, очекуваме голем број македонски фанови да заминат за Хрватска. Ги повикуваме да дојдат во што поголем број бидејќи очекуваме многу пријатни моменти.

– Моја желба е да останеме најмалку 12 дена, а тоа значи дека сме завериле пласман во главната рунда натпревари. Ако се прашувам јас лично, посакувам најмалку три победи.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во Вараждин, а во групната фаза се најде во групата во која се Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни