Поврзете се со нас

Репрезентација

Мукаетов по промоцијата на Лазаров: Желба ни е заедно со Кире да го трчаме овој маратон

Објавено

на

blank

Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов на денешната прес конференција која се одржа преку интернет, го потврди досегашниот капитен Кире Лазаров како нов селектор на сениорската ракометна репрезентација.

Мукаетов со одбрани зборови го најави новиот селектор, упатувајќи низа комплименти за досегашните успеси на Лазаров како играч.

– Голема чест и задоволство ми е да соопштам дека според мене најголемиот спортист во историјата на Македонија, а воедно и најзаслужниот за популарноста на ракометот, Кире Лазаров, е нов селектор на машката сениорска репрезентација. Ова е голем ден за македонскиот ракомет и јас сум пресреќен што заедно ќе продолжиме да ги биеме битките што ни претстојат. Договорот е постигнат првично на една година, додека не се комплетира процесот за добивање на мастер коуч лиценца, а потоа би се потпишал и четиригодишен договор, – рече Претседателот на РФМ.

Мукаетов откри и дека новиот селектор ќе продолжи да се грижи за сите возрасни категории, што подразбира и инволвирање во работата со младите.

– Продолжува принципот на селекторот да работи со сите старосни катеогрии, а првото искуство со репрезентацијата ќе му биде на ЕХФ неделата закажана за 8. март. Кире во Скопје ќе пристигне на 4. март штом се ослободи од обврските во Нант, -продолжи Мукаетов, а потоа даде и одговор на прашањето на „Дерби“, дали во првата година од договорот ќе има некаква „резултатска клаузула“ со која Кире би бил обврзан.

– Наша желба е заедно со Кире да го трчаме овој маратон и да оствариме нови и големи победи за Македонија, – заврши Мукаетов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни