Поврзете се со нас

Репрезентација

Мукаетов: Оставаме светол сигнал на патот за идните генерации

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација денеска е голем фаворит на дуелот со Гвинеја и очекуваната победа ќе значи и потврда за пласман во следната рунда.

Избраниците на Кире Лазаров ќе пренесат еден бод во главната фаза, а денеска сигурно ќе добијат и максимална поддршка од големиот број македонски фанови кои во живо ги следат натпреварите во Вараждин.

Со порака за поддршка, но и задоволство од македонската ракометна реалност, денеска се огласи и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

– На ова Светско првенство, македонските ракометари, селекторот Лазаров и целиот стручен штаб имаат тешка задача.

– Да потврдиме уште еднаш дека и ние Македонците знаеме и можеме квалитетно и рамноправно да се носиме рамо до рамо и со најдобрите. Смената на генерација беше напорен и тежок процес, исто како и патот по кој се чекори и во континуитет се гради оваа репрезентација.

– После повеќе 12 години мандат во РФМ, со задоволство можам да кажам дека оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации. Да покажеме доблест и достоинство! За кого? За Македонија! – порача Мукаетов преку социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни