Мукаетов: Организацијата на ЕП би била инјекција за женскиот ракомет во Македонија

Mukaetov-kandidatura

Од Загреб за „Дерби“
Александар Табаковски

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, не го крие оптимизмот во однос на кандидатурата за Европското првенство во 2022 година која денеска беше претставена во Загреб, заедно со ракометните федерации на Словенија и Црна Гора.

Трите земји очекуваат официјална потврда од ЕХФ ќе бидат коорганизатори на ЕП за жени во ноември 2022 година, а Мукаетов очекува тоа да има позитивно влијание и на женскиот ракомет во Македонија, кој во моментов не е на исто рамниште со машкиот.

– Јас сум голем оптимист во однос на организацијата на ЕП во 2022 година, а идејата е заеднички регионален настап на Скопје, Љубљана и Подгорица, нешто што дава резултати и вака синергично како што настапуваме имаме добри, да не речам одлични шанси да добиеме позитивен одговор. Тоа ќе биде голем плус и за Скопје и за Македонија, една дополнителна афирмација на државата.

– За нас ова првенство е многу важно бидејќи женскиот ракомет е на пониска гранка во однос на машкиот ракомет, па во однос на работата со младите категории и тренерите ова би било една инјекција за да се достигне посакуваното ниво, – истакнува Мукаетов.

Конечната одлука за заедничката кандидатура на Македонија, Словенија и Црна Гора ќе биде донесена во јуни.

Facebook Коментари