Поврзете се со нас

Македонија

Мукаетов од годишното собрание на РФМ: Со Кире на клупата имаме простор за напредок

Објавено

на

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов се обрати пред присутните на редовното годишно собрание во македонскиот ракомет.

Мукаетов кој останува на позицијата претседател на РФМ говореше за состојбите во ракометот кај нас како на репрезентативно, така и на клупско ниво.

Претседателот не прескокна да каже дека не е задоволен со пласманот на последното Европско првенство на сениорската ракометна репрезентација која заврши на 22 позиција, но нагласи дека со Кирил Лазаров како селектор ќе има позитивни промени во иднина.

– Лично не сум задоволен со пласманот на 22. место на Европското првенство и мислам дека можевме многу подобро. Во моментов ангажманот на селекторот Лазаров во чиј стручен штаб се вклучени големи ракометни имиња кои даваат голем придонес за македонскиот дрес и сето тоа е нова енергија која ќе не турка напред.

– По бараж натпреварите за Светското првенство против Романија и Чешка обезбедивме 12-то по ред учество на големите натпреварувња, -истакна Мукаетов кој забележа напредок и во женскиот репрезентативен ракомет.

– И покрај шесте порази во Еврокупот може да се забележи напредок. Не чекаат настапи на Европското првенство каде сме и домаќини. Со настапите под водство на Савевски кадетите ги разбудија надежите за напредок во женскиот ракомет. Ќе мора да имаме трпение, дисциплина и многу напорна работа, -потенцираше Мукаетов.

Првиот човек на РФМ не пропушти прилика да ги спомене и македонските клубови кои играа во Европа, Вардар и Еурофарм Пелистер, а на крај се заблагодари и на сите спонзори и помагатели на македонскиот ракомет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни