Светски првенства
Мукаетов: Добивавме многу критики со Лазаров, но сега се покажува дека сме на вистинскиот пат

Македонија ја забележа првата победа во главната фаза на Светското првенство, вкупно втора на турнирот и тоа во соочувањето со Катар.
Нашиот национален тим одигра ефикасен меч и го доби составот предводен од Веселин Вујовиќ со резултат 39:34. Ова е второ славје по она со Гвинеја на мундијалот на кој ремизиравме со Унгарија и Австрија, а загубивме само од Холандија. Овие резултати и настапи донесоа задоволство кај првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
-Апсолутно сум задоволен, имаме и две нерешени, но задоволен сум од пристапот и од она што тимот го покажа од меч во меч, желбата за победа, квалитетот што го покажаа на терен. Овие играчи се вистински пример како сите треба да се бориме за Македонија.
-Штета што немавме голема поддршка, тоа беше сплет за околности, сите заедно направивме се што можеме да ги задржиме играчите со фокус на теренот. Многу сум среќен што оваа репрезентација покажа дека во следните години може да ги радува сите наши граѓани. Трпевме многу критики со Кирил Лазаров во изминатите години, но сега се покажува дека сме на вистинскиот пат, -истакна Мукаетов за Македонската телевизија.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)