Поврзете се со нас

Македонија

Мукаетов доби наследник после три успешни мандати: Стефанов е нов предводник на македонскиот ракомет

Објавено

на

Македонската ракометна Федерација од денеска има нов претседател кој ќе се обиде да ги продолжи стапките на Живко Мукаетов, а изборот беше прилично едноставен бидејќи имаше само еден единствен кандидат.

Александар Стефанов со едногласна поддршка од сите 50 присутни делегати доби акламација како прв човек на македонскиот ракомет, па со тоа стана шестиот претседател во историјата на македонската Федерација.

Стефанов ќе има навистина голем предизвик пред себе по три неверојатно успешни мандати на Живко Мукаетов, кој реши да го отстапи своето место и да се повлече по последното Светско првенство кое се одигра во јануари.

Неговиот наследник веќе извесно време беше член на Управниот Одбор на Федерацијата и добро знае како функционираат работите во најважното ракометно тело, но истовремено е познат и како прв човек на ракометниот клуб Бутел.

Живко Мукаетов беше прв човек на Федерацијата од 2013-та до 2025-та година, а пред него, оваа функција ја извршуваа и Михајло Михајловски, Трифун Костовски, Душко Кадиевски и Иван Бојков.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни