Мугуруза и Плишкова „испукаа“ чисти победи во Сингапур

muguruza

Гарбиње Мугуруза и Каролина Плишкова со убедливи победи го започнаа настапот на завршниот ВТА турнир во Сингапур.

На денешните две средби во белата група прво Плишкова со поигра со постарата од сестрите Вилијамс победувајќи со 2-0 во сетови со 6-2, 6-2. Тенисерката од Чешка „везеше“ на теренот и сосема заслужено по 72 минути дојде до првото славје.

Слична партија имаше и вториот свтески рекет Мугуруза против Јелена Остапенко славејќи со 6-3 и 6-4 за еден час ипол час игра.

Утре се на програмата дуелите од црвената група Свитилина-Вознијачки и Халеп-Гарсија.

Facebook Коментари