„Мудрости – Радости“ со Стопанска банка АД: Интерактивна забава за почеток на новата учебна година

knigata mockup2

Во рамки на својата општествено одговорна активност, Стопанска банка АД – Скопје, ги поканува сите ученици и нивните најблиски кои се подготвуваат за стартот на учебната година и кои сакаат да се забавуваат и да се натпреваруваат да дојдат на 02.09.2017 (сабота) од 18 часот на платото на МОБ заедно да уживаме во настанот насловен „Мудрости – Радости“ со:
– „Ла Ла Ла“ балетско шоу, МОБ
– 5+ бенд
– DJ и танцово шоу
– Лотарија со вредни подароци и
– Многу, многу интерактивни содржини
Настанот „Мудрости – Радости“ има за цел нагласување на предностите кои ги нуди образованието – откривање и совладување на нови знаења и создавање на поубава иднина за сите.
Токму затоа, сите присутни деца на настанот покрај бројните изненадувања за себе ќе добијат и примерок од новата детска книга „Книгата што никогаш не беше иста“ и се надеваме ќе бидат инспирирани не само за читање туку и за творење.
Книгата, во продукција на Стопанска банка е изработена од авторките текст: Билјана Црвенковска, илустратор: Катерина Николовска и покрај на настанот ќе биде дополнително дистрибуирана и до сите школски библиотеки со што ќе биде достапна за сите деца љубители на читањето.
Со попладневната интерактивна забава „Мудрости – Радости“, на која присутните ќе може да играат, да бојат, да создаваат, да се натпреваруваат, да истражуваат и секако да уживаат во програмата, Стопанска банка АД – Скопје им посакува возбудлива и интересна школска година на сите ученици и родители, исполнета со многу позитивни предизвици.
За крај, поттикнувајќи го поривот за знаење и откривање, Стопанска банка АД – Скопје како општествено одговорна компанија планира и донација насочена токму кон подобрување на условите за учење и надградба. Деталите за донацијата ќе бидат објавени следната недела.

Facebook Коментари