Англија
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи

Украинскиот репрезентативец и ново скапоцено засилување на Челси, Микајло Мудрјук имаше доста лошо деби од првата минута во новиот тим. Мудрик дебитираше за Челси на натпреварот со Ливерпул, но тогаш влезе од клупата за резервни фудбалери и остави прилично добар впечаток.
За разлика од тогаш, сега кога доби шанса од првата минута, не прикажа буквално ништо на теренот, а на полувремето доби и свирежи од домашната публика. Стратегот на „сините“, Грем Потер се реши да го извади фудбалерот уште на стартот на вториот дел и шанса му даде на уште едно ново засилување, Нони Мадуеке.
Инаку, по првите 45. минути, Мудрик имаше статистика од нула удари кон голот, нула освоени фаули, нула креирани шанси, нула додавања во противничката половина, што беше доволно Потер да го повлече од игра.
Mykhailo Mudryk’s full Premier League debut by numbers:
45 minutes
0 shots
0 fouls won
0 chances created
0 take-ons completed
0 passes into opp. boxReplaced at half-time… pic.twitter.com/97I5YG25zW
— Squawka (@Squawka) February 3, 2023
– Дали треба да му свирите на засилување од 80 милиони фунти на полувреме? Тоа е храбро од навивачите, но дефинитивно нема да помогне на самодовербата на играчот, -изјави Гери Невил кој е стручен коментатор на овој натпревар.
За разлика од Мудрјук, Енцо Фернандес има безмалку перфектно деби, барем досега и игра без грешка. Има најмногу допири со топката (59) по првото полувреме, а има и стопостотна реализација на пасовите, од 45 доделил точни 45 од кои четири биле долги топки.
-
Македонијапред 5 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 15 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Италијапред 13 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Германијапред 13 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Шпанијапред 12 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 15 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Лига на шампионипред 2 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Шпанијапред 16 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……