Поврзете се со нас

Англија

Мудрик предизвика фан на Челси: Ајде да играме „еден на еден“ во 10 илјади фунти (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Михаило Мудрик се уште се бара себеси во Челси и не е ниту приближно добар за сумата која клубот ја издвои за негов ангажман, а која беше приближна на 100 милиони евра.

Украинскиот репрезентативец се намеше со Грем Потер и Френк Лампард во своите први шест месеци во клубот, но кошмарот продолжи и под водство на Маурисио Покетино, каде и дефинитивно отпадна од стартната постава.

Аргентинецот пред мечот со Вулверхемптон мораше да објаснува зошто Мудрик останува на клупата, а навивачите веќе го губат трпението со него и му испраќаат навистина негативни пораки на социјалните мрежи.

Самиот Мудрик сега откри дека одговара на дел од бесните фанови, а конверзацијата која ја сподели на социјалните мрежи ни открива дека дури и предизвикува дел од нив.

– Што се случува со тебе? Дали заборави да играш фудбал? Ова не е доволно добро, мора нешто да се промени. Можеби да имаш некои индивидуални тренинзи. Секој пат кога си на терен, како да имаме играч помалку, – му напишал фан на Челси во приватна порака, по што Мудрик одговорил.

– Дојди да играме еден на еден, да се обложиме во 10 илјади фунти, – одговорил Мудрик, кој сепак добил оригинален одговор и на ова.

– Брате, во овој момент лично ќе ти дадам пари секојпат кога ќе дадеш гол. Следен меч ви е против Евертон……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни