Поврзете се со нас

Свет

Мудрик го исполни ветувањето и му купи нов телефон на новинар (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/uafukraine

Михајло Мудрик со неговата Укрина ќе се бори за место на Европското првенство, односно на тој пат останува уште една пречка, триумф над селекцијата на Исланд на натпреварот закажан за вторник од 20:45 часот.

Пред оваа завршница вирално стана едно видео со фудбалерот на Челси кој го исполни ветувањето кое во месец октомври му го даде на еден новинар.

Мудрик пред неколку месеци имаше еден интересен разговор со украинскиот новинар кој му е добро познат.

-Пак ти? И повторно со камерата? Колку капацитет има твојот телефон, -праша Мудрик.

-130 гигабајти. Капацитетот за складирање е при крај, -одговори репортерот по што фудбалерот му порача:

-Ќе морам да ти купам нов телефон затоа што просторот ти е полн со мои видеа-

Украинската ѕвезда покажа дека е човек од збор и во пресрет на овој собир му подари нов апарат на новинарот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни