Поврзете се со нас

Англија

Мудрик експресно реагираше на социјалните мрежи по позитивниот допинг тест (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Михаило Мудрик не настапи на последните пет натпрвари за Челси со објаснување дека е во аут поради болест, но всушност, зад целата ситуација се криела доста голема приказна, а истата беше обелоденета од угледните медиумите во текот на ова утро.

Украинскиот репрезентативец паднал на допинг тестот кој му бил направен во месец октомври поради недозволена сусптанца пронајдена за време на рутинскиот уринарен тест, па пред да се испитаат резултатите од вториот тест кој е задолжителен, Мудрик доби привремена суспензија за вршење на својата дејност.

Мудрик се наоѓа во критична ситуација во кариерата само една година по фамозниот трансфер на „Стемфорд Бриџ“, а бидејќи сосема неочекувано се најде во центарот на вниманието, пристигна соопштение од самиот фудбалер.

– Можам да потврдам дека сум известен од ФА за пронајден позитивен примерок во моето тело на забранета супстанца. Ова е целосен шок за мене, бидјеќи јас НИКОГАШ свесно не сум користел забранети супстанци, ниту сум ги прекршил правилата. Тесно соработувам со мојот тим за да истражиме како се случило тоа.

– Знам дека немам направено ништо погрешно и се надевам дека многу брзо ќе се вратам на теренот. Поради доверливоста на процесот, не можам да кажам повеќе во овој момент, но штом ќе имам дозвола за такво нешто, ќе го направам тоа, – порача Мудрик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни