Му заврши одморот, но не штедеше за послугата: Боли глава од бакшишот што го оставил Роналдо

ronaldo

Роналдо заврши со одморот во Грција и се упати на медицински прегледи и на официјално претставување во Торино.  Но, еден момент ќе остане запаметен за потегот кој го направил додека бил на одмор. Додека престојувал во хотелот, послугата која го служела и се грижела за неговиот престој богато ја наградил.

По завршувањето на летувањето и одморот во екстра луксузниот хотел ,,Коста Наварино”, тој на менаџерот му оставил бакшиш и побарал од него да биде подеднакво распределен за сите што го служеле.

Сумата која ја оставил била 20 илјади евра и вработените во хотелот не можеле да поверуваат за бакшишот кој го добиле од најдобриот светски фудбалер.

Facebook Коментари