Поврзете се со нас

Светски првенства

Му се удри од глава: Ридигер глумеше лудило, ама Јапонците го имаа последниот збор (ВИДЕО)

Објавено

на

Германија доживеа шокантен пораз од Јапонија (2-1) во првата средба од групата Е на Светското првенство во Катар.

Избраниците на Флик направија доволно шанси за да ги освојат трите бода, но по водството од 1-0 не успеа да постигнат и втор гол, па тоа на крајот им се удри од глава затоа што Јапонците ги дочекаа своите минути и од 75 до 83 направија целосен пресврт со погодоците на Доан и Асано, пресврт доволен за три големи бода на стартот на шампионатот.

Ова е удар за Германците кои сега ќе треба да се вадат на следните два натпревари, односно ова и им е голема лекција. Особено ова се однесува на дефанзивецот Антонио Ридигер кој при водство од 1-0 имаше еден трк со кој ја изнасмеа јавноста, но во исто време како да сакаше да го понижи противникот или во случајот тоа беше Асано.

На крајот тоа му се врати како бумеранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни