Поврзете се со нас

Италија

Му се смее цела Италија: Жервињо со едноставен потег го испрати Кандрева во рекламното пано (Видео)

Објавено

на

blank

Интер загуби два драгоцени бода на последниот меч против Сасуоло, а избраниците на Антонио Конте не тргнаа добро ниту вечерва, бидејќи Парма по 15 минути игра дојде до водство на „Енио Тардини“.

Иако Интер наметна темпо со поседот на топката, далеку попрецизни и попродуктивни засега беа домаќините, кои успеаја да постигнат и еден погодок по спектакуларното додавање на Куцка, но и снаодливоста на Жервињо.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска доживува втора младост во Серија А и навистина импресионира со квалитетот кој го покажува, а вечерва стана вирален хит откако направи цела Италија да му се смее на Кандрева.

Жервињо со едноставен дриблинг потег лесно го исфрли од игра фудбалерот на Интер, а уште покомично беше тоа што Антонио заврши блиску до рекламното пано.

После ова, следеше уште еден лажен потег на Жервињо, по што испрати прецизен удар со кој го матираше Хандановиќ за водство од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни