Му се случи најлошото на Еурофарм Работник: Го доби најтешкиот противник во осминафиналето

Eurofarm

Македонскиот претставник во Челинџ Купот, Еурофарм Работник, од тоа што најмногу се плашеше,  тоа и му се случи. Го доби најтешкиот противник во осминафиналето на ЕХФ Купот, тимот на Филингенберген од Норвешка.

Еурфорам Работник беше во вториот шешир и се надеваше на лесен противник, меѓутоа среќата не ги посака и го добија најтешкиот норвешки противник. Првиот натпревар, битолчани ќе го играат на домашен терен, на 10 февруари, додека возвратниот дуел е закажан една недела покасно.

За битолскиот клуб, кој во својот деби настап во Европа, се покажа одлично во дуелот со ривалот од Литванија, Гранитас Каунас,успеа да го победи на два пати, но, сепак, овој пат ќе треба многу посериозно да влезе и да се намачи на средбата со Норвежаните, ако сака да извојува победа и да се пласира понатаму.

Facebook Коментари