Поврзете се со нас

Свет

Му предвидуваа отказ, а Џерард доби нов договор во Саудиска Арабија

Објавено

на

Стивен Џерард се најде под голем притисок поради лошата резултатска серија на Ал Етифак, а медиумите тврдеа дека клубот од Саудиска Арабија му подготвува отказ.

Но, наместо прерано завршување на соработката, англиската легенда ќе добие нов договор и останува посветен на остварување на долгорочната стратегија на клубот.

Угледниот портал „Атлетик“ објави дека Џерард ќе потпише нов договор, па сега ќе има обврски кон Ал Етифак до 2027 година, што дефинитивно ќе ги елиминира шпекулациите за отказно решение.

Една од основните цели на клубот е да го засили авторитетот на тренерот, а тој од друга страна да му помогне на клубот да привлече и други квалитетни фудбалери од Европа.

Она што е јасно е дека Џордан Хендерсон веќе нема да му биде на располагање на Џерард, бидејќи неговиот сонародник веќе решил да ја напушти Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни