Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски со проверени сили на квалификациските натпревари овој месец

Објавено

на

Селекторот на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави спсиокот на повикани фудбалери на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.

Репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со Романија, Лихтенштајн и Дуизбург на отворањето на мундоквалификациите на кои ќе бркаме што подобар пласман.

Прво отвараме со Романија на 25. март во Букурешт, потоа во Скопје ќе го пречекаме аутсајдерот Лихтенштајн на 28 март, за три дена подоцна да гостуваме во Дуизбург кај фаворитот во оваа група, Германија.

Ангеловски повика 26 фудбалери на кои ќе смета за овие три средби и во актуелниот состав нема ниту едно ново име од претходните настапи на репрезентацијата.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни