Поврзете се со нас

Репрезентација

Мрме го убеди фудбалерот на Лос Анџелес, Мусовски прифати да игра за репрезентацијата на Македонија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација во следните натпревари кои се играат во ноември, а меѓу кои ќе биде и оној клучниот против Грузија за пласман на Европското првенство,  ќе има ново име во своите редови.

Игор Ангеловски лично зборувал и го убедил 24 годишниот фудбалер на Лос Анџелес, Дани Мусовски да игра за репрезентацијата на Македонија, па тој ќе биде повикан за следната репрезентативна прозивка.

За тој да добие право на настап ќе треба да се решат административно правните работи и тој да го добие македонскиот пасош, со што и дефинитивно ќе се отстрани секаква пречка за Мусовски да дебитира во А селекцијата.

Станува збор за играч на Лос Анџелес кој игра во врвот на нападот, а оваа сезона му е прва во еден од најдобрите тимови во САД. Досега на 14 натпревари постигнал четири погодоци и запишал една асистенција.

– Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција, изјави Игор Ангеловски.

Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година.

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни