Поврзете се со нас

Македонија

Mozzart секогаш игра на хуманост

Објавено

на

blank

Во време на потполна неизвесност, особено беше важно да се носат вистински одлуки. На Mozzart одлуката гласеше: играта на хуманост продолжува!

Дури и кога имаше привремено стопирање на нивното работење, а компанијата имаше огромни загуби, лидерот во приредување на игри на среќа продолжи да ги поместува границите во општествената одговорност.

Донациите пристигаа од недела во недела на различни адреси, а приоритет беше помошта на здравствениот систем во борба против корона вирусот. Компанија Mozzart помогна на 7 болници во државата со вкупно 50.000 евра, а организираше и голема акција во која делеа пакети овошје на здравствените работници.

blank

Во моменти кога постоеше недостиг на слободни кревети во болниците, оваа компанија донираше кревети за интензивна нега во здравствените установи, а здравствените работници говореа дека овој вид на помош многу им значи во лечење на ковид пациентите. Исто така, на Општата болница во Гостивар дониран е инвентар за реновирање на хируршкото одделение во болницата.

„Свесни сме за тешката ситуација во која се наоѓа целата држава и реализиравме бројни акции за поддршка на загрозените, а особено на здравството. Секогаш се трудиме брзо да реагираме таму каде што помошта е најпотребна, а во текот на епидемијата особено е важно сите да покажеме солидарност и да помогнеме на целата заедница да ги преброди овие тешки моменти.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

На самиот почеток на епидемијата, беа доделени средства за набавка на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, беа поделени и пакети со храна на лица од загрозени категории.
Mozzart продолжи и со донации на техничка опрема, па телевизори пристигнаа во многу болници, училишта, градинки, државни установи, домови за стари лица, детски домови…

Беа донирани и лаптопи во Клиниката за детски болести во Скопје, на хемато-онколошкото одделение, наменети за родителите на децата кои се лекуваат на ова одделение, за онлајн сеанси со психолог и полесно пребродување на тешката ситуација. Понатаму, лаптоп компјутери беа донирани и во неколку основни училишта, наменети за учениците од социјално загрозени семејства, како би можеле непречено да ја следат онлајн наставата.

blank

ПРОДОЛЖУВААТ РЕДОВНИТЕ АКЦИИ

И во екот на епидемијата, продолжуваат редовните Mozzart акции. Секоја недела се реализираат хуманитарни тикети, а досега добивките беа насочени кон Клиниката за детски болести (донација на прочистувачи за воздух), Домот за деца без родители (финансиски средства), како и финансиска помош на едно дете за операција на раката.

Донацијата од месецот на хуманост во декември беше врачена во Домот за деца без родители во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни