Поврзете се со нас

Македонија

Mozzart ја продолжи соработката со уште еден македонски прволигаш

Објавено

на

Продолжува соработката на компанијата Mozzart со фудбалските прволигаши во Македонија, а логото на оваа компанија ќе се најде и на дресовите на ФК Академија Пандев, тим во сопственост на македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Mozzart во изминатиот период активно го поддржува домашниот спорт преку спонзорство на различни спортски колективи.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart која влегува како спонзор на ФК Академија Пандев и ќе биде ексклузивен бетинг партнер на клубот. Морам да напоменам дека Mozzart е прва компанија која го препозна нашиот клуб како успешна приказна и самоиницијативно ни достави барање за соработка и да помогне во развојот и остварување на амбициите на клубот. Се надеваме дека оваа наша соработка ќе трае долги години, а компанијата Mozzart ќе продолжи да биде голем поддржувач на спортот во нашата земја.“ – изјави Сашко Пандев, член на Управниот одбор и капитен на тимот.

ФК Академија Пандев во своето 10-годишно постоење, најпрво како фудбалска академија, а подоцна и со свој сениорски тим, успеа да постигне доста значајни резултати и на многу млади таленти да им даде можност да спортуваат, другаруваат и од најмала возраст да се научат на здрави навики за здрав живот. Куп шампиони на Македонија во сениори, првенствени и куп шампиони во млади категории, безброј освоени младински турнири во државата и надвор од неа, сениорски репрезентативци, младински репрезентативци во сите категории, домашни и меѓународни трансфери на фудбалери од сопствената академија, се само дел од досегашните успеси на ФК Академија Пандев во досегашното постоење.

„Навистина ни е драго што ја проширивме партнерската соработка со уште еден прволигашки клуб. Сигурна сум дека двете страни ќе имаат корист од оваа соработка и дека ФК Академија Пандев ќе продолжи со атрактивниот фудбал кој го игра од почетокот на тековната сезона.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.

MOZZART е голем помагател на спортот во регионот. Спонзор е и на Фудбалската федерација на Србија, Одбојкарската федерација на Србија, ФК Црвена Звезда, ФК Напредак, Раднички Крагујевац, Спартак, ФК Војводина, ОК Војводина, РК Војводина, КК Мега, ФК Железничар, Зрињски, Вележ, Кошаркарската федерација на Србија, КК Борац Чачак, КК Партизан… и уште многу други.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни