Поврзете се со нас

Лига Европа

Можно е македонско дерби во нокаут фазата на ЛЕ, Наполи и Лацио се најголема опасност за Барселона

Објавено

на

Вечерва се одигра завршната шеста рунда од групната фаза на Лигата на Европа по што се е познато, кои екипи се елиминирани, кои тимови обезбедија директен пласман во осминафиналето, но и кои состави ќе играат во шестанесетфиналето во кое ќе ги одмерат силите со тимовите кои завршија како трети во Лигата на шампионите.

Сето ова значи дека во првата нокаут рунда можеме да видиме македонско дерби, односно да се соочат Шериф Тираспол на Боби Николов и Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Ова секако би била добра можност за хрватскиот претставник да му се реваншира на молдавскиот клуб за летнаа елиминација од квалификаиите за ЛШ.

Барса како најзвучно име може да ги добие за ривали Наполи, Лацио, Ренџерс, Олимпијакос, Динамо и Брага.

Ждрепката е закажана за в понеделик во Нион од 13 часот, средбите ќе се играат на 17 и 24 февруари.

Инаку веќе во осминафиналето се Монако, Вест Хем, Лион, Леверкузен, Звезда, Галатасарај, Франкфур и Спартак Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни