Поврзете се со нас

Формула 1

Можеби пол позицијата е кај Ферстапен, но изјавата на денот е на Леклер!

Објавено

на

Макс Ферстапен со нецели четири десетинки предност (1:28.997) се најде на пол позицијата во трката за Големата награда на Бахреин, оправдувајќи ја улогата на фаворит која ја заслужи уште од претсезонските тестови.

Иако возачите на Мерцедес се веднаш зад него, четвртата позиција на Леклер дојде како мало изненадување имајќи предвид дека многу се очекуваше од Мекларен, што поради уникатното решение на задниот дифузер, што поради доаѓањето на Даниеле Рикиардо во тимот.

Времето на Леклер (1:29.678) беше една десетинка зад Ботас, но две десетинки пред Гасли, и три десетинки пред двајцата пилоти на Мекларен Мерцедес.

– Дечки, ова се само први квалификации, но споредено со она каде бевме минатата година, сепак е голем чекор напред. Секако дека сакавме да се бориме за пол позиција, мислам дека треба да бидеме задоволни со напредокот што го покажавме, барем на оваа патека. Честитки за Карлос, многу ме поттикна … – рече Леклер во радио комуникацијата веднаш по завршетокот на сесијата.

Брзината во еден круг е битна за квалификациите, но сепак брзината во трка е сосема поинаква и во минатото знаела да биде на страна на тимот од Маранело. Дополнителен фактор кој ќе влијае на определување на новиот распоред на силите ќе биде и „нежноста“ кон новите пневматици, особено кон нивното трошење во тркачки ритам, поради што главните пресметки за тоа кој со што располага може да се очекуваат по трката.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни