Можеби ѕвездите се проблемот: Аргентина на крилата на Лаутаро го растури Мексико (Видео)

martinez

Репрезентациите на Аргентина и Мексико одиграа пријателски натпревар во кој „гаучосите“ буквално го растурија својот противник со 4:0.

На средбата на која ги немаше најголемите ѕвезди како Меси, Агуеро, Ди Марија…брилјираше младиот фудбалер на Интер, Лаутаро Мартинез кој постигна хет-трик.

Останатиот гол за Аргентина го постигна фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес од белата точка.

Лаутаро Мартинез стана првиот фудбалер на Аргентина кој дал три гола на една средба против Мексико по речиси 90 години. Последен пат тоа му успеало на Гиљермо Стабиле во далечната 1930 година.

Фудбалерот на Интер за само 22 минути постигна три гола, а ова е вкупно деветти негов гол во дресот на „гаучосите“ на својот 13 настап.

Facebook Коментари