Може ли да добие „Оскар“: Холандски фудбалер беше „почешан“, а падна како да го погодиле со куршум (Видео)

Steven Berghuis

Се почесто и почесто сме сведоци на голем театар и глума на фудбалските терени, но понекогаш и со тоа се претерува, па играчите често се на столбот на срамот и има многу сеир на нивна сметка на социјалните мрежи.

Последниот бисер, глума за која можеби треба да добие и Оскар ни доаѓа од Холандија од прволигашот Феенорд или во случајов се работи за фудбалерот Стивен Бергхаус. Тој на средбата против Утрехт беше буквално „почешан“ од еден противнички играч, ама тој падна како покосен на тревата.

За ова ниту едниот, ниту другиот не добија казна од судијата, меѓутоа навистина е срамна реакцијата на  26-годишното крило кое две години беше дел и од составот на Вотфорд.

Facebook Коментари