Поврзете се со нас

Германија

Може да остане само под еден услов: Хумелс на добар пат да го заврши вториот престој во Дортмунд

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Матс Хумелс е на добар пат по вторпат во кариерата да се раздели со актуелниот европски вицешампион Борусија Дортмунд.

Неговиот договор истекува на крајот на овој месец и како што стојат работите истиот нема да биде продолжен. Според „Скај Спортс“ ветеранот не е во добри односи со тренерот Един Терзиќ и за да остане на „Сигнал Идуна Парк“ тогаш стратегот мора да си замине.

Терзиќ е „врзан“ до 2025 година и тешко дека нешто ќе се промени на оваа тема што го става дефанзивецот во позиција да бара нов предизвик, нова средина.

Интерес за него има од МЛС лигата и Саудиска Арабија, ама постои голема можност да остане во Европа и да потпише за Милан.

Дортмунд пак од друга страна како негова замена би го ангажирал Џек О’Брајен од Лион.

Кога е во прашање Матс, првиот мандат во таборот на „милионерите“ му беше од 2008 до 2016 година, а вториот од 2019 до 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни