Поврзете се со нас

Македонија

„Моторите“ ќе се палат на 19 јули: Пелистер го објави планот за подготовките на наредната сезона

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер го објави планот за подготовките за натпреварувачката 2021/2022.

„Фармацевтите“ ќе влезат со големи амбиции за новата сезона, а подготовките се секако предуслов за да направи вистинска основа за предизвиците кои престојат. Стартот е закажан за 19 јули во Битола за да неколку денови подоцна се замине на подготвителен период во Маврово (23-30).

Од 1 до 25 август пак ќе има пријателски и турнирски натпревари (Струга и СЕХА лига). Сличен распоред има и вториот тим на Еурофарм Пелистер кој исто ќе ги запали „моторите“ на 19 јули, па ќе се замине во Маврово за да потоа одигра пријателски и турнирски натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни