Поврзете се со нас

Мото ГП

Мотоциклот на Маркез се запали во Индонезија, Мартин издоминира и ја зголеми предноста (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/MotoGP

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин вчера направи голема грешка во спринт трката и им дозволи на ривалите да ги освојат бодовите, а падот очигледно го натера денеска да биде повнимателен и далеку подобар на главната трка.

Возачот на Прамак Дукати издоминира од почеток до крај на гран-прито во Индонезија и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман, бидејќи главниот конкурент Пеко Бањаја заврши трети.

Измеѓу нив заврши младиот Шпанец Педро Акоста, а ден за заборав имаше осумкратниот светски шампион, Марк Маркез.

Членот на Гресини напредуваше од 12-то место и успеа да се доведе во борба за подиум, но во 12-от круг му се запали мотоциклот и мораше да ја заврши трката.

Ваквиот расплет најмногу му одговараше на Мартин кој ја зголеми предноста во генералниот пласман, каде сега има 21 бод повеќе од Бањаја. Трет е Бастијанини, додека Маркез е сега четврти со дури 78 бода помалку од лидерот Мартин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни