Мотобот 2: Јамаха создава интелигентен мотоцикл кој ќе го победи Роси (Видео)

motobot2

За разлика од автономните автомобили чија главна цел е безбедноста, Јамаха постојано го унапредува својот интелигентен мотоцикл чија намена е за на патеката и обидот да ги победи најдобрите мотоциклисти.

Јапонскиот производител претстави детали за новата верзија на Мотобот, кој дополнително ќе се развива додека не биде вистинска конкуренција на Валентино Роси и неговите колеги.

Мотобот 2 има „возач“ што е уште една разлика во однос на автономните автомобили, а користи голем број интелигентни системи кои се грижат за управувањето, брзината, изборот на агли во кривините и многу други детали кои дополнително ќе се усовршуваат. Најновата верзија на проектот на Јамаха и СРИ достигна брзина од 200 км/ч и заостанува триесетина секунди зад времето на еден Роси на патеката „Тандерхил“ во Калифорнија, а третата етапа ќе биде намалување на разликата и добивање вистински ривал за актуелните возачи.

Facebook Коментари