Мото ГП
Мото викендот во Валенсија започна со страшен пад: Јапонецот Јаманака слета директно на глава (Видео)

Овој викенд се вози трката за Големата награда на Европа, која во случајот е добро познатата патека во Валенсија со која традиционално се затвора сезоната во Мото ГП.
Поради изменетиот распоред кој го предизвика коронавирусот, оваа година нема да биде таков случајот, но сепак возбудувањата на патеката почнаа уште на денешните петочни тренинзи, со тоа што видовме и еден застрашувачки пад.
Риусеи Јаманака доживеа навистина тежок пад на денот кога го прославува својот 19-ти роденден, па може да биде среќен што мина без никаква сериозна повреда во ситуација кога крајно незгодно прелета од својот мотоцикл.
Младиот Јапонец слета директно на глава и првите сигнали кои ги даде беа навистина загрижувачки, но потоа се прибра и даде сигнали дека е свесен.
По направените прегледи во болница е утврдено дека нема никаква повреда, па денешниот славеник утре ќе може да биде дел од квалификациите за неделната трка.
Team-mates collide! 😱
Nasty crash for @yamanaka_ryusei, who is thankfully now back on his feet! 💢#EuropeanGP 🇪🇺 pic.twitter.com/v2mPxyLv03
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 6, 2020

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 24 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 18 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 23 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)