Поврзете се со нас

Мото ГП

Мото ГП трките на Мизано ќе се возат пред публика

Објавено

на

Организаторите на Мото ГП трките на патеката „Мизано“ во Италија денеска потврдија дека локалните власти дозволиле присуство на ограничен број фанови околу патеката.

На оваа патека ќе се возат две трки во текот на два викенда, а локалните власти во Емилија-Ромања го прифатиле концептот на организаторите за присуство на 10.000 навивачи во текот на секој ден.

– Ова е решение кое радува бидејќи на овој начин тоа ќе биде први трки со навивачи на трибините. Со 10.000 присутни дневно, значи дека ќе може да дозволиме присуство на 60.000 фанови за време на двата викенда.

– Тоа е далеку од 160.000 фанови кои вообичаено би дошле за само еден викенд, но и ова е доволно, бидејќи до пред некоја недела се чинеше како невозможно, – велат организаторите во своето соопштение.

Трките во Италија се планирани за 13 и 20 септември, а на нив се очекува да се појави и актуелниот шампион Марк Маркез, кој во моментов не вози поради скршеницата на раката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни