Поврзете се со нас

Мото ГП

Мото ГП со специјално видео го најави финалето на сезоната

Објавено

на

Франческо Бањаја се издвои на врвот на табелата меѓу мотоциклистите со предност која изнесува 23 поени во однос на минатогодишниот шампион Фабио Куартараро, но оваа сезона публиката веќе виде многу подеми и падови на разни возачи, па ништо не може да се земе за „готово“.

Последниот гран при викенд се вози на 6 ноември во Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“, а за таа прилика организаторите подготвија најавно видео обаснувајќи ја нивната сезона и варијантите за освојување на титулата. На Фабио Куартараро му е потешко, бидејќи мора да победи, додека Бањаја доколку ривалот триумфира во трката, може да стане шампион со пласман на 14 место. Следете го долниот линк, бидејќи мора да се гледа исклучиво преку официјалниот YouTube канал.

Со оваа трка ќе заврши и ерата на мотоциклистичките трки онакви какви што ги познававме до сега. Од идната сезона наместо квалификации, во саботниот термин ќе се возат „спринт“ трки кои ќе бидат со половина дистанца од главната трка, а бодови ќе се доделуваат на првите девет. Победникот ќе добие 12 бода (што е компромис со оние 25 бода кои се доделуваат за победа, а на следните осум возачи ќе им се доделат бодови по клучот 9, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1.

Од Мото ГП одлучија стартот во недела повторно ќе биде според позициите од квалификациите, за разлика од Формула 1, каде што „спринт“ трките во сабота имаат третман на квалификации и го определуваат поредокот на стартот. Бодувањето во Мото ГП ќе остане по системот 25, 20, 16, 13, 11, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1.

Од 2024 година, горивото во Мото ГП ќе биде 40% од биолошко потекло, додека од 2027 година ќе ја следи Формула 1 и 100% ќе го исфрли горивото од фосилно потекло. Во таа насока, Репсол неодамна објави дека постојат два типа на одржливо гориво за иднината, што е појаснето во нивното видео подготвено за таа намена (следете го долниот линк, бидејќи мора да се гледа исклучиво преку официјалниот YouTube канал).

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни