Поврзете се со нас

Мото ГП

Мото ГП го објави скратениот распоред: Дури седум трки се возат во Шпанија, пет патеки се домаќини на два викенди

Објавено

на

Одговорните луѓе во Формула 1 мината седмица го објавија скратениот распоред за натпреварувачката сезона која беше одложена поради коронавирусот, а денеска тоа го направија и лицата задолжени за календарот во мото класите.

Мото-трките започнаа во месец март со трката за Големата награда во Катар, но тогаш се одржаа само трките во Мото 2 и Мото 3, што во превод значи дека официјално сезоната во Мото ГП ќе стартува на 19-ти јули.

„Кралската класа“ ќе започне со трката во Херез, а на истата патека ќе се вози трка и на 26-ти јули. Распоредот е комплетно изменет од обично и истиот во овој момент број 13 трки, а сите ќе се возат на стариот континент. Одговорните лица оставаат простор за додавање на неколку трки надвор од Европа, но факт е дека најголем дел од шампионатот ќе се вози во Шпанија, каде ќе гледаме дури седум трки.

Покрај двете трки во Херез, ќе има една во Барселона, а уште по две во Арагон и Валенсија. Домаќини на две трки ќе бидат уште Мисано и Австрија.

Последната трка од првичниот распоред, онаа во Валенсија е закажан за 15-ти ноември, а ако дозволи времето и условите, во игра остануваат уште трките Америка, Аргентина, Тајланд и Малезија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни