Мото ГП „бомба“: Хонда експресно му пронајде замена на Педроса и состави неверојатна двојка!

pedrosa-mark

Ова утро во мото јавнсота на големо се рашири веста дека Дани Педроса после 18 години ќе стави крај на својата етапа како член на Репсол Хонда, тим од кој добиваше поддршка во мотоциклизмот уште во најмалите категории.

За жал, незгодните повреди и лошата среќа го оневозможија Педроса да стигне до посакуваната титула во „кралската класа“, но она што сега стана топ тема во светската спортска јавност која е насочена кон мотоциклизмот е ексклузивата која ја пренесоа сите специјализирани медиуми од оваа сфера. „Мотоспорт“, „Газета“ и „Скај Спорт Италија“ излегоа со ексклузива дека Хонда веќе му го договорила партнерот на Марк Маркез за следната сезона, а тоа ќе биде ни повеќе, ни помалку, Хорхе Лоренцо.

Оваа вест одекна како бомба во Мото ГП јавноста, а брзо ја потврди и шпанската „Марка“ која пренесе дека Хонда наредната сезона ќе има најтрофејната двојка во историјата на „кралската класа“. Маркез има четири титули во највисоката класа, а Лоренцо кој и официјално го напушта Дукати по крајот на актуелната сезона има три шампионски титули во Мото ГП.

lorenco-mark1

Facebook Коментари