Мотивираниот Зверев првпат во кариерата го совлада Надал

Zverev

Александер Зверев одигра максимално мотивирано против светскиот рекет број еден Рафа Надал и заслужено ја оствари првата победа на завршниот Мастерс во Лондон.

Надал се врати по кратката пауза поради повреда и не играше на нивото кое е препознатливо за него, а Зверев тоа максимално го искористи за сигурна победа од 6:2/6:4.

Шпанецот речиси и да не се закани на сервисите на противникот, па затоа и првпат во кариерата доживеа пораз од Зверев, со што си ја отежни работата за пласман во полуфиналето.

Facebook Коментари