Италија
Мота: Заслужено добив црвен картон од судијата Маркети
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/10/mota-sako.jpg)
Јувентус се предодреди да игра нерешено во Серија А под водство на Тиаго Мота, бидејќи вчера го видовме деветтиот реми исход на еден натпревар кој го игра „старата дама“ во домашното првенство од стартот на сезоната.
Тимот од Торино се врати од негатива од 0:2 на мечот со Болоња и успеа да се избори за бод, но тоа го направи без својот тренер да биде блиску до клупата.
Мота заработи црвен картон од судијата Матео Маркети, а тренерот на Јувентус по натпреварот призна дека заслужено бил испратен на трибините.
– Маркети со право ме исклучи и треба да се признае тоа. Протестирав премногу, направив гест кој не требаше да го направам и претерав во дадената ситуација.
– Да бидам искрен, кога примивме втор гол, мислев дека натпреварот е готов за нас. Но, покажавме срце и карактер по негативата од 0:2 и тоа е позитивната страна од овој натпревар. Играчите покажаа дека знаат да се носат во тешки оклности и успеаја да грабнат барем еден бод, – изјави Мота.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор