Поврзете се со нас

Италија

Мота за Влаховиќ: Мора да поправи еден аспект од неговата игра

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус втор натпревар во низа остана без погодок во Серија А, односно по Рома на „старата дама“ му оддолеа и Емполи кој се избори за бод на „Карло Кастелани“.

Фаворитот не успеа доволно да се наметне, да дојде до посакуваната цел, трите бода. Тренерот Тијаго Мота смета дека мора повеќе и подобро да го користат Душан Влаховиќ кој е единствениот голгетер во тимот во овој момент со оглед на тоа што Аркадиуш Милик е повреден.

-Мора повеќе да ја користиме длабочината на Душан, бидејќи тој одлично ги напаѓа тие простори. Тој е напаѓач кој одлично го напаѓа просторот во шеснаесетникот, има добра скок игра и има неколку начини тоа да го искористите за да постигнете повеќе голови, -рече Мота и додаде:

-Како да му помогнеме да биде помалку нервозен? Се согласувам дека тој аспект треба да се подобри, но многу напредува. Јасно е дека како напаѓач живее за голови, но освен тоа ни носи и многу други работи во нападот и одбраната. Тој мора да остане концентриран и да продолжи да игра како што беше. Тој е позитивен, лидер на тимот и се труди максимално да си ја заврши работата, -заврши стратегот на калчолигашот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни